18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоксер од Мексико му се закани на Меси: Моли му се на...

Боксер од Мексико му се закани на Меси: Моли му се на Бога да не те најдам

По шокантниот пораз во првото коло од Саудиска Арабија, Аргентина во саботата успеа да го победи Мексико со 2:0 и да се доближи до осминафиналето на Светското првенство.

По натпреварот фудбалерите на Аргентина со песна ја прославија победата во соблекувалната. Објавени се неколку видеа од соблекувалната, а на едното се гледа како најдобриот стрелец Лионел Меси го гази дресот на Мексико.

Тој потег ги налути Мексиканците, а најгласен беше боксерот Канело Алварез.

„Го видов Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знаме. Бог нека му биде на помош ако го најдам. Исто како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци воопшто, туку само за ова срање што го направи Меси во соблекувалната и она што сите го видовме“, изјави Канело.

Мексиканецот многумина го сметаат за најдобриот боксер во светот надвор од тешка категорија, тој е четирикратен шампион во супер средна категорија. Во кариерата има 58 победи, два порази и две нерешени борби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП