19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏенифер Лопез откри зошто исчезнала

Џенифер Лопез откри зошто исчезнала

Џенифер Лопез вчера ги шокираше своите фанови со тоа што ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна фотографија на сите социјални мрежи, а сега е откриена и причината за нејзиниот необичен потег.

Лопез ги затвори социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест утрово, објавувањето на „This Is Me…Now“, која доаѓа 20 години по објавувањето на „This Is Me…Then“.

Во краткото видео, Лопез ја рекреираше корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформираше во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи покрај објавата: „Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“.

Таа го опиша новиот албум како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“. Да потсетиме, оригиналниот албум беше посветен на нејзиниот тогашен дечко Бен Афлек со кој денес е во брак.

Албумот содржи 13 песни, вклучувајќи и некои кои алудираат на нејзината врска со Афлек, како што е Dear Ben pt. II и полноќно патување во Вегас, очигледна референца за нивната прва свадба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП