26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе шпекулираше дека бил убиен од љубовницата и дека бил жртва на...

Се шпекулираше дека бил убиен од љубовницата и дека бил жртва на проклетство: По 50 години откриена вистинската причина за смртта на Брус Ли

Речиси 50 години по неговата смрт, лекарите тврдат дека ја откриле причината за ненадејната смрт на Брус Ли

Познатиот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли почина многу млад, на 32-годишна возраст, на 20 јули 1973 година. Веста за неговата смрт брзо се проширила, а лекарите врз основа на обдукцијата констатирале дека тој починал од оток на мозокот.

Причината за создавање на едемот е наведено дека е земање на одредени лекови против болки, а не требало долго време за да почнат да кружат различни теории за неговата смрт.

Кога во јавноста беа објавени слики од неговото отечено лице, теоретичарите на заговор рекоа дека тој бил отруен, а главен виновник бил неговата тогашна љубовница. Други тврдеа дека го убиле кинески гангстери, а суеверните отишле чекор понатаму велејќи дека го убило проклетство.

Сега 49 години по неговата смрт, истражувачите ги разгледале доказите и заклучиле дека Брус најверојатно починал од хипонатремија.

„Со други зборови, велиме дека бубрегот не можел да го исфрли вишокот вода и затоа Брус Ли умрел“, напиша тим од експерти во списанието „Clinical Kidney Journal“.

Што е хипонатремија?

Хипонатремија значи дека нивото на натриум во крвта – што му е потребно на телото да одржува рамнотежа – е ненормално ниско. Нерамнотежата предизвикува отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот.

Според студијата, Брус имал неколку знаци на ризик за хипонатремија, вклучувајќи пиење големи количини течности, употреба на канабис – што ја зголемува жедта – и други фактори кои ја намалуваат способноста на бубрезите да функционираат, како што се употребата на дрога и алкохол.

Неговата сопруга Линда откри дека Брус пред смртта бил на диета со морков и јаболко. И Метју Поли – кој ја напиша биографијата на Брус Ли во 2018 година, “A Life” – споменува повторно земање вода на денот кога умрел.

Студијата заклучува: „Ние претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфична форма на бубрежна дисфункција: неможност да се излачува доволно вода за да се одржи хомеостазата на водата, која во голема мера е тубуларна функција. Ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (отекување на мозокот ), а смртта во рок од неколку дена.”

Исто така е објавено дека Брус бил чест корисник на канабис, а неговото конзумирање може да ја зголеми жедта.

Во својата книга, Поли споменува долгорочна употреба на оваа супстанца на 20 јули 1973 година, денот кога умре Брус. Истражувачите сугерираат дека тоа можеби го натерало Брус да пие премногу вода.

– Иронично, Ли се прослави со цитатот „Биди вода, пријателе“, но изгледа дека вишокот вода на крајот го уби – напишале тие. Смртта на Брус се случи само неколку недели пред објавувањето на „Enter The Dragon“ – првиот голем кунг фу филм произведен на Запад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП