25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Euro 7“ ќе ги поскапи новите автомобили за 5.000 евра

„Euro 7“ ќе ги поскапи новите автомобили за 5.000 евра

Моделите како „Volkswagen Polo“ се соочени со неизвесна иднина бидејќи „Euro 7“ ќе ги направи автомобилите со мотори со внатрешно согорување премногу скапи.

Ова го најави извршниот директор на „Volkswagen“ – Томас Шефер, според кого усвојувањето на новиот еколошки стандард, кој треба да стапи на сила од 1-ви јули 2025-та година, ќе ги поскапи автомобилите за околу 5.000 евра.

Поинакво мислење има Европската комисија, која тврди дека поскапувањето на нов автомобил ќе биде околу 90-150 евра. Сепак, ова вклучува значителни заштеди на трошоците од страна на производителите, бидејќи претходната прогноза беше зголемување од 304 евра. Според Комисијата, зголемување од дури 304 евра нема да има толку сериозно влијание.

Сепак, извршниот директор на „Volkswagen“ верува дека реалноста е многу поинаква. Тој предупредува дека мал хечбек како „VW Polo“, на пример, ќе чини од 3.000 до 5.000 евра повеќе и тоа ефективно ќе го убие автомобилот, што ќе го направи недостапен за клиентите со ниски приходи. Шефер истакнува дека покрај додавањето на „благ“ хибриден систем, производителите ќе мора да се придржуваат и до построги безбедносни прописи кои ќе бараат инсталирање на скапа технологија.

„Ford“ веќе го означи почетокот на крајот за малите бензински автомобили со објавување на крајот на производството на „Fiesta“ во 2023-та година, па дури беше и лидер во продажбата во својата класа.

„VW Polo“ е приближно на иста големина како „Fiesta“ и двата доаѓаат во различни модели.

До крајот на деценијата, друг производител, „Stellantis“, ќе произведува само електрични возила во Европа. Ова значи дека моделите со конвенционален погон како што се „Peugeot 208“, „Opel Corsa“ и „Citroën C3“ ќе бидат исфрлени од употреба до 2030-та година или уште порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП