29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд „Tesla“ до кинески адути: „EuroNCAP“ ја тестираше безбедноста на 16 нови...

Од „Tesla“ до кинески адути: „EuroNCAP“ ја тестираше безбедноста на 16 нови модели

Сите се одлични, само еден е многу добар, а тоа е европски модел.

Во најновиот циклус на безбедносни тестови, „EuroNCAP“ ја тестираше најголемата серија од 16 модели на автомобили досега.

Меѓу нив имаше неколку електрични модели, меѓу кои и два жестоки ривали, „Nio ET7“ и „Tesla Model S“, кој и покрај староста сепак обезбедува завидно ниво на безбедност. Добрата вест е што и двата модели освоија максимални оценки.

Всушност, сите модели, освен еден од тестираните, добија пет ѕвездички. Адутите на „Toyota“, електричниот „bZ4X“, неговиот клон од „Subaru“ (Solterra) и „Corolla Cross“, се меѓу високо оценетите.

Немате причина да се грижите дури и ако ги купите новите модели на „Nissan“, моделите „X-Trail“ и „Ariya“, кои исто така достигнаа максимална оценка.

Пофалби заслужи и „Hyundai Ioniq 6“, со одлична заштита за возрасните патници. Со голем успех помина и наследникот на моделот „Koleos“, „Renault Austral“.

Конечно беа тестирани премиум моделите „Range Rover“ и „Range Rover Sport“, а разликата меѓу нив во однос на безбедноста е минимална.

Пристигнаа три модели од Кина. Покрај споменатото „Ni“, тестот ги вклучи и новиот „Smart#1“ и луксузниот „Wey Coffee 02“, а сите беа одлични.

„Smart“ се покажа како одличен во областа на заштита на возрасни патници, исто како „Wey Coffee“.

Верувале или не, единствениот на кој „падна“ една ѕвезда е најпрестижниот модел на концернот „PSA“, „DS9“. Автомобилот е казнет затоа што бил премногу фатален во верижен судар, како за другите учесници во сообраќајот, така и за самите патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП