25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБред Пит забележан како се држи за рака со поранешната сопруга на...

Бред Пит забележан како се држи за рака со поранешната сопруга на Пол Весли

Љубовниот живот на Бред Пит отсекогаш ја заинтригирал јавноста, а светските медиуми повторно пишуваат дека оскаровецот има нова љубов.

Тој пристигна на концертот „Бон Вокс“ во Лос Анџелес со Инес де Рамон, поранешна сопруга на Пол Весли, ѕвезда од серијата „Вампирски дневници“.

Според медиумите, Бред и Инес се обиделе да бидат воздржани. Актерот се чинел одлично расположен, ја држел за рака и ја влечел кон себе“.

Бред за таа прилика е лежерно облечен во фармерки и сив широк џемпер, а носи и кафен шешир, додека Инес на себе има црни кожени панталони и кратка бела маичка, во комбинација со светло жолта чанта.

Изворите на „Дејли мејл“ откриваат како Бред ја запознал Инес со своите славни пријатели и сите разговарале во еден простор кој бил затворен за пошироката јавност.

Откако го напуштија делот за славни личности, Бред и Инес се задржаа на дистанца додека ги поздравуваа фановите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП