26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВреме е на вируси и грипови: Ако сакате силен имунитет, избегнувајте го...

Време е на вируси и грипови: Ако сакате силен имунитет, избегнувајте го ова

Како што постојат бројни нешта што го зголемуваат имунитетот, така постојат и оние кои го намалуваат. Ова се некои од нив…

Шеќер – Премногу шеќер во дневната исхрана (100 гр или 20 лажици) може да го наруши имунитетот дури за 40 проценти. Тука се мисли пред се на простите шеќери, на медот и газираните пијалоци. Станува збор за ослабена активност на белите крвни зрнца да ги уништуваат микробите. Интересно, кога шеќерот ќе се замени со комплексните јаглени хидрати, опаѓање на имунитетот нема. Се смета дека шеќерот доведува до намалување на апсорцијата на другите хранливи материи, а особено на витаминот Ц кој во одбраната има значителна улога.

Лоши масти и преработена храна – високиот внес на заситени и транс масти од индустриската храна, а најмногу црвеното месо кое може да ја наруши работата на имунитетот. Со оксидацијата на таквите масти настануваат многу слободни радикали кои драматично ги уништуваат одбранбените клетки и со тоа го ослабуваат имунитетот. Што повеќе внесуваме заситени масти од животинско потекло (црвено месо, масни сирења, кашкавали, путер, павлаки и полномасно млеко) толку е поголем недостатокот на простагландин и леукотриен. Состојбата видно се подобрува кога дел од таквите масти ќе се замени со омега 3 масни киселини.

Недоволно движење – редовното вежбање, па дури и да станува збор за забрзано пешачење, неверојатно придонесува за јачината на имунитетот. Имено, неактивноста го забавува ослободувањето од телесните токсини. Спротивно на тоа, со вежбите се забрзува циркулацијата, работат мускулите и зглобовите и постои поттик за органите задолжени за одбрана, да произведуваат нови „војници“ за одбрана.

Претерана употреба на лекови – Многу лекови значително го нарушуваат имунолошкиот систем па затоа не е чудна големата чувствителност на лицата кои ги користат за инфективни и други болести.

Претерано консумирање на алкохол – 5 пијалоци или повеќе дневно им пречат на одбрамбените клетки особено на белите крвни зрнца да се размножуваат.

Стресот – врвните спортисти пред натпреварите се под силен стрес па неретко заболуваат поради силен пад на имунитетот. Јогата и медитацијата помагаат во санирањето на стресната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП