25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДаниел Крег во нова кавга со соседите во Лондон

Даниел Крег во нова кавга со соседите во Лондон

Даниел Крег се соочува со нова кавга со соседите поради плановите да ги исече дрвјата во градината на својата куќа во северен Лондон.

Британски таблоиди пишуваат дека ѕвездата на сагата „Џејмс Бонд“ и неговата сопруга Рејчел Вајс се соочуваат со нова битка поради плановите да ги исечат проблематичните стебла во дворот на куќата вредна 6 милиони фунти.

Пред пет години парот ја доби битката да го задржи дрвото високо 20 метри во својата градина откога локалното население се пожали дека неговите корени им предизвикуваат штета во нивните домови.

Сега, актерите, кои се венчаа во 2011 година, поднесоа барање до Советот за да спроведат понатамошни зафати врз дрвото, односно да го скратат четири метри.

Тие исто така сакаат да исечат уште едно дрво и круша покриена со бршлен.

Ним им е потребна согласност бидејќи дрвјата се заштитени со налог за зачувување дрвја во одредена заштитена област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП