27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА: Закажан е нов датум за лансирање на ракетата на Месечината

НАСА: Закажан е нов датум за лансирање на ракетата на Месечината

Мисијата на НАСА на Месечината во претходниот период беше соочена со бројни проблеми кои го одложија лансирањето, но веќе е познат новиот датум за лансирање на „Артемис 1“.

По неколку одложувања на полетувањето поради проблеми со моторот, истекување гориво и два урагана кои ја погодија Флорида, лансирањето на најнапредната и најскапата ракета SLS е закажано за в среда.

Наведена како најмоќната и најсложена ракета во светот, масивната двостепена ракета Space Launch System(SLS) е најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција откако Сатурн V полета на Месечината за време на програмата Аполо во 1960-тите и 70-тите години.

Успешното лансирање ќе означи нова ера на истражување на вселената кога Артемис 1 ќе ја однесе капсулата Орегон и ќе ја испрати на 25-дневно патување околу природниот сателит на Земјата.

„Artemis I“ е закажан како пробен лет со цел да се тестира новата ракета „SLS“ и да се направат сите подготовки за идните мисии. Следната мисија Артемис II, закажана за мај 2024 година, ќе однесе четворица астронаути на Месечината и назад без да слета на површината.

Во 2025 година „НАСА“ планира да слета двајца астронаути на површината на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена, додека другите двајца астронаути ќе останат во орбитата на Месечината во командниот модул.

Тоа ќе биде првпат луѓето да стапнат на Месечината од 1972 година.

Артемис 1 треба да полета од вселенскиот центар Кенеди во Флорида на 16 ноември во 7 часот наутро.

Исто така, постои можност лансирањето повторно да биде одложено по ракетната проверка поради невремето, бидејќи ураганот Никол во претходните денови донесе ветрови со брзина од 100 милји на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП