26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏенифер Анистон проговори за борбата за потомство и дали Бред Пит ја...

Џенифер Анистон проговори за борбата за потомство и дали Бред Пит ја оставил затоа што не можела да раѓа

Познатата актерка Џенифер Анистон го разголи телото, но и душата за престижен магазин. Таа позираше за насловната страница на магазинот во ситно црно бикини на Шанел, кое едвај и ги покриваше брадавиците, а никој не остави рамнодушен.

Анистон во поискрено интервју од кога било, истакнувајќи дека веќе нема што да крие, ја отвори душата и јавно проговори за нејзината очајна борба да има деца.

53-годишната актерка призна дека жали што не реагирала навреме и не замрзнала јајце клетки на помлада возраст, откривајќи како ја преживеала тешката борба со неплодноста, а отишла дури и на ин витро оплодување, како и пиење разни кинески чаеви очајнички посакувајки да забремени.

Таа ги отфрли шпекулациите дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит поднел барање за развод затоа што не можела да му роди дете, додавајќи дека постојаните гласини за нејзините врски само дополнително ја усложнуваат нејзината битка со неплодноста.

“Се обидував да забременам и тоа беше навистина голем предизвик за мене. Сите тие години и години и години на шпекулации… Беше многу тешко. Бев на ИВФ, пиев кинески чаеви… Правев се само за да останам бремена“, изјавила се поискрената Џенифер Анистон, додавајќи дека жали што никој не ја советувал да замрзне јајце клетки кога била помлада. Денес, вели, е свесна дека никогаш нема да има дете, пренесува.

„Ќе дадев сè за да ми кажеше некој тогаш: „Замрзни јајце клетки. Направи си услуга“. Само не размислував за тоа на таа возраст, затоа сум таму каде што сум денес. Мојот брод отплови“.

Во текот на разговорот признала и дека во текот на животот била премногу фокусирана на кариерата, не се замарала со тоа дека можеби треба да најде некого, да има деца. Најмногу и пречело приказните како Бред Пит ја оставил затоа што не можела да му родии деца:

„Тие рекоа дека размислувам само за кариерата, па боже да ми прости што жената е успешна и нема дете. А причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто го прекинавме бракот, беше затоа што не сакам да му родам дете! Сето тоа беа лаги што ги слушав, а денес немам што да кријам!“

А токму за неплодноста има намера наскоро да напише книга, за да им помогне на другите жени кои минуваат низ истата борба. Како што рекла, до сега не зборувала за тоа бидејќи сакала да се заштити себеси и својата приказна.

“Поминав толку многу години криејќи ја својата тајна за ИВФ. Бев заштитнички на сè затоа што чувствував дека можам да задржам толку малку работи за себе. Се чувствувам како да се будам од хибернација. Немам веќе што да кријам”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП