19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМагазинот „Пипл“ ги прогласи најсексипилните мажи

Магазинот „Пипл“ ги прогласи најсексипилните мажи

Магазинот „Пипл“ секоја година прогласува најсекси маж на светот.

Оваа титула се доделува од 1985 година, кога ја освои Мел Гибсон. Некои холивудски заводници, како Бред Пит, Џорџ Клуни, Џони Деп и Ричард Гир, беа избрани повеќе од еднаш.

Оваа година титулата заврши во рацете на Крис Еванс, барем ако се консултирате со магазинот „Пипл“ и нивниот годишен избор.

Веста дека 41-годишниот американски актер е прогласен за овогодишен победник беше соопштена во текот на вечерното шоу на Стивен Колберт (The Late Show). Откако водителот на емисијата го кажа името на актерот, публиката почна гласно да свирка и да плеска.

Од 2013 година до денес, титулата најсекси маж според „Пипл„ покрај Крис Еванс и Пол Рад, ја добија и Мајкл Б Џордан, Џон Леџенд, Идрис Елба, Блејк Шелтон, Двејн Рок Џонсон, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт и Адам Левин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП