Со електричната транзиција, многу компоненти повеќе нема да бидат потребни, а тоа првенствено се однесува на сложените мотори со внатрешно согорување.
Друг проблем е гигантот од истокот, поточно Кина, која се поагресивно инвестира во автомобилската индустрија и се подготвува да ги освои светските пазари. Таму се собираат дури и европските производители бидејќи трошоците за производство се помали, а имаат и најнова технологија за батерии на изворот. Според студијата на „PwC“, Европа е под зголемен притисок, со потенцијално сериозни последици.
Производителите сега се соочуваат со исклучително тешка конкуренција од Кина, а консултантската компанија „PwC“ предвидува дека Европа ќе увезува повеќе автомобили отколку што ќе извезува веќе во 2025-та година.
Додека кинеските производители продаваат се повеќе електрични возила во Европа, и европските и американските производители се повеќе го префрлаат своето производство на електрични возила во Кина, според „HAK Review“.
Минатата година европските производители на автомобили извезоа само 35.000 електрични возила од Кина во Европа (пример е „Dacia Spring Electric“, кој се произведува во Кина), оваа година веројатно ќе биде 66.000. За три години во Европа би можеле да се продадат речиси 800.000 автомобили од кинеско производство, од кои околу 330.000 од кинеските погони на европските автомобилски компании.