27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенките и Унгарките го стартуваа Евро 2022 со победи

Словенките и Унгарките го стартуваа Евро 2022 со победи

Словенија и Унгарија го започнаа Европското првенство во Словенија, Македонија и Црна Гора со победи, најавувајќи борба за висок пласман на континенталниот шампионат. Првите два меча од шампионатот се одиграа во Словенија, додека натпреварувањата во Македонија стартуваат утре, кога Македонија ја пречекува Франција во 18 часот.

Словенија во дербито на вечерта имаше негатива против фаворизираните Данки, но на крајот стигна до 28:26 победа, предводени од Ана Грос, која имаше осум гола и ја доби наградата за најдобар играч на мечот.

Во вториот меч, Унгарките се вратија од разочарувачкото прво полувреме, за да ги совладаат дебитантите на големите натпреварувања Швајцарија со 33:28.

ЕХФ ЕВРО 2022
ГРУПА А
Словенија – Данска 28:26 (14:15)
Шведска – Србија 20.30 ч.
ГРУПА Б
Унгарија – Швајцарија 33:28 (12:14)
Норвешка – Хрватска 20.30 ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП