29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“: Луѓето наскоро ќе останат без пари за нови автомобили

„BMW“: Луѓето наскоро ќе останат без пари за нови автомобили

Германскиот производител на премиум автомобили „BMW“ во четвртокот објави квартален нето приход што ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Сепак, компанијата известува дека резултатите се постигнати благодарение на високата цена на нивните автомобили. Наспроти позадината на зголемените ризици од рецесија и инфлација, ова може да биде лоша шега – во догледна иднина, луѓето едноставно нема да имаат пари за толку скапи купувања, стравува „BMW“.

Повисоки профити беа постигнати дури и во услови на пад на продажбата и намаленото производство поради недостигот на полупроводници, се забележува во извештајот. Причината е стабилната побарувачка за автомобили, што им овозможи и на „BMW“ и на другите светски производители да ги зголемат цените.

Сепак, долго време нема да може да се профитира од состојбата на пазарот, предупредуваат аналитичарите. Според нивната прогноза, влошувањето на економската криза ќе доведе до тоа дека купувачите се помалку ќе се одлучуваат за скапи набавки, обидувајќи се да заштедат пари. Надуените цени ќе делуваат како уште една пречка.

„Краткорочните изгледи остануваат позитивни. Позитивниот моментум на „BMW“ ќе продолжи во 2023-та година“, смета финансискиот директор на баварскиот производител Николас Петер, иако вкупната продажба ќе биде помала од 2021-ва година. Целта сега е продажбата на електрични возила да се удвои.

Во третиот квартал, продажбата на „BMW“ падна за 9,5% во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, приходите на баварскиот производител на автомобили скокнаа за 35,3% на 37,18 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП