18 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРААдел: Жената која ја победи славата

Адел: Жената која ја победи славата

Британската пејачка и добитничка на Греми наградата Адел сака да студира англиска литература веднаш штом ќе заврши нејзиниот настап во Лас Вегас.

„По Вегас, сакам да завршам англиска литература“, им рече таа на обожавателите во Лос Анџелес во понеделникот (24 октомври).

„Да не успеев во музиката, мислам дека ќе бев професорка по англиски јазик“, додаде таа.

Пејачката ќе настапи во Caesar’s Palace Coliseum во Лас Вегас, на почетокот на ноември.

Настапите претходно беа закажани за последната недела од јануари, но 34-годишната пејачка ги откажа само неколку дена пред почетокот.

„Мислам дека мојата страст за англискиот јазик се рефлектира во она што го работам.

„Се каам што не студирав и го имам тоа искуство, но ќе учам онлајн и ќе имам учител“, рече таа.

Нејзиниот план е да добие диплома до 2025 година.

Веста сигурно ќе го израдува нејзинината професорка по англиски Мекдоналд која се појави на сцената за време на камбек концертот на Адел одржан минатата година во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП