23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате да го заштитите секој дел од телото? Еве кои намирници треба...

Сакате да го заштитите секој дел од телото? Еве кои намирници треба да ги употребувате

Сакате да го заштитите секој дел од телото? Еве кои намирници треба да ги употребувате…

Очи

Ако јадете јајца, немојте да ги фрлате жолчките, бидејќи тие содржат антиоксиданти, лутеин и зеаксантин, односно каретоноиди кои се борат против катаракт и макуларната дегенерација (старечко перде), кои се главни причинители на слепилото. Ако се грижите за количеството холестерол, знајте дека за да ги заштитите очите потребно е да изедете една жолчка во денот.

Мозок

Рибата е голем извор на омега 3 масни киселини од типот DHA и EPA, кои ја потпомагаат работата на мозокот и ја ублажуваат депресијата. Омега 3 киселините исто така ги спречуваат и воспаленијата на мозокот. Исто така и кељот е мошне корисен за мозокот.

Коса

Ако сакате цврста и здрава коса, треба да јадете свежо сирење со помал број на маснотии. Сирењето е добро бидејќи е богато со протеини. Исто така за косата се добри и семките од тиква, бидејќи содржат цинк.

Кожа

За здрава кожа помага консумацијата на домати. Доматите содржат ликопен, кој може да помогне при намалувањето на оштетувањата кои ги предизвикуваат УВ зраците, го намалува ризикот од рак и го забавува појавувањето на брчките. За кожата исто така е добра и храната богата со омега 3 киселини.

Нокти

Ниското ниво на железо во организмот кај жените може да предизвика анемија и да доведе до оштетување на ноктите. Затоа најдобар избор ви се производите богати со железо, меѓу кои се истакнува говедското месо.

Срце

За срцето добро е да консумирате аспарагус. Истражувачите дошле до заклучок дека витаминот Б, односно фолната киселина го намалуваат хомоцистеинот, аминокиселина која се верува дека може да предизвика воспаление, со што се зголемува ризикот од срцеви болести. Исто така добар избор е и сокот од црно грозје.

Желудник и црева

За желудникот и цревата добар избор се сувите сливи. Тие се богати со влакна, благодарение на што системот за варење во организмот функционира беспрекорно. Исто така за добро варење на храната, добро е да консумирате ферментирана храна како јогурт и кисело млеко.

Коски

За здрави коски добро е да каснете по некоја коцка темно горчливо чоколадо бидејќи е богато со магнезиум, кој е добар за коските. Исто така, добро е да се консумира храна која е богата со калциум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП