20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на продажбата и скок на акциите на H&M

Раст на продажбата и скок на акциите на H&M

hm2

Шведската модна куќа „H&M“ соопшти дека месечната продажба ги надминала очекувањата на аналитичарите, што предизвика скок на акциите на компанијата на ново рекордно ниско ниво.

Приходите во продавниците кои се отворени најмалку една година во август пораснаа за четири проценти на годишно ниво, соопштија денес од „H&M“.

Вкупната продажба во август скокнала за 14 проценти, со што се надминати очекувањата за раст на продажбата од 12,6 проценти.

Како што наведува „H&M“, вредноста на продажбата, кога ќе се одземе ДДВ, изнесувала 32 милијарди круни (4,91 милијарди долари) за три месеци заклучно со 31. август.

Оваа компанија на крајот на август имала 2,964 продавници, што е повеќе во однос на минатогодишните 2,629, а оваа година планирано е да се отворат околу 350 нови продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП