26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен „iPad Pro“ со „M2“ чип и поддршка за „Apple Pencil“ (ВИДЕО)

Претставен „iPad Pro“ со „M2“ чип и поддршка за „Apple Pencil“ (ВИДЕО)

„Apple“ ја претстави следната генерација на својата серија „iPad Pro“, која сега доаѓа со надграден „M2“ чип.

Надворешниот дизајн на таблетот е непроменет во однос на претходната генерација и сепак доаѓа со екрани од 11 и 12,9 инчи.

Благодарение на чипот „M2“, новиот „iPad Pro“ сега има осум-јадрен процесор и 10-јадрен графички процесор. „Apple“ тврди дека новиот чип може да ги подобри перформансите на моделот „iPad Pro“ за 15 проценти, или до 35% кога се во прашање графичките перформанси.

Покрај горенаведеното, чипот „M2“ нуди 100 GB/s унифицирана пропусност на меморијата. Исто така, ова е првиот чип во неговата генерација што поддржува „WiFi 6E“.

Новата карактеристика на моделот „iPad Pro“ од 2022-ра година е тоа што ќе може да го детектира „Apple Pencil“ од втората генерација до 12 милиметри над дисплејот. Ова ќе им овозможи на апликациите, како што е „Scribble“, автоматски да го прошират полето за текст кога иглата ќе се приближи до екранот.

Новиот „iPad Pro“ е достапен за однапред нарачка денес, а ќе почне да се испорачува од 26-ти октомври. Цените се 799 долари за 11-инчниот модел и 1.099 долари за моделот од 12,9 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП