14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.10.2022

Дневен хороскоп 17.10.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате впечаток дека не се баш сите искрени кон вас во вистинска мера. Во љубовта важно е да се отворите кон саканото лице и искрено да му кажете што сакате.

Бик (21.04 – 21.05)

Завртете се кон позитивните размислувања, никогаш досега не ве изневерил позитивниот став. Во љубовта време е да продолжите понатака и да не му обрнувате внимание на поранешниот партнер и неговите коментари.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува прилив на пари кои многу ќе ви помогнат. Пред вас е поволен период на ова поле. Во љубовта сметате дека партнерот очекува премногу од вас.

Рак (22.06 – 22.07)

Некои планови се менуваат иако тоа не сте го очекувале. Не треба да паничите, брзо ќе се прилагодите. Во љубовта ќе забележите дека со партнерот се разликувате по некои нешта.

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиската ситуација моментално не ви е баш стабилна но некои соработници од минатото ќе се обидат да ви помогнат. Во љубовта ќе ви се допадне некоја личност од огнените знаци.

Девица (23.08 – 22.09)

Решени сте конечно да се ослободите од некои долгови. Важно е сите проблеми од минатото набрзо да ги решите. Во љубовта ве очекува интересен флерт.

Вага (23.09 – 22.10)

Многу сте вредни и пожртвувани. Работата ви е приоритет и подготвени сте максимално да им се посветите на обврските. Во љубовта ќе дојде до некое големо недоразбирање со партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Размислете за започнување на приватен бизнис, имате добри идеи, уште само да се ослободите од мрзата. Во љубовта ги преувеличувате ситните проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе имате проблеми на финансиското поле, ќе се трудите што повеќе да работите за да го промените тоа. Во љубовта можно е да не сте сигурни за својата одлука поврзана за брак или некој друг посериозен чекор.

Јарец (22.12 – 20.01)

Деловниот партнер не ги исполнува вашите очекувања, па ќе бидете разочарани поради тоа. Оние во врска ќе уживаат, слободните нема да бидат заинтересирани за врска.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сте сосема задоволни со ситуацијата на деловен план бидејќи немате добра комуникација со колегите. Во љубовта наместо да му љубоморите на партнерот, помогнете му.

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате добар ден. Среќата ќе ве следи и ќе биде на ваша страна. Ве очекува исто така и голема емотивна среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП