30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на „Uniqlo“ ги надмина прогнозите за профит

Сопственикот на „Uniqlo“ ги надмина прогнозите за профит

Сопственикот на „Uniqlo“ – „Fast Retailing“ објави прогнози за профитот и продажбата за тековната фискална година што ги надмина очекувањата на аналитичарите благодарение на подобрата побарувачка за евтина облека во Јапонија и послабиот јен што го зголеми профитот донесен од меѓународните пазари, објави „Bloomberg“.

Оперативната добивка за годината која завршува во август 2023-та година се очекува да достигне 350 милијарди јени (2,4 милијарди долари), надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите од 332 милијарди јени, објави компанијата. Нето-продажбата се предвидува на ниво од 2,65 трилиони јени наспроти очекувањата на аналитичарите од 2,48 трилиони јени.

Најголемиот производител на облека во Азија го префрла својот фокус на пазарите како Северна Америка и Европа, каде што изгледите се релативно стабилни, додека војната во Украина и повторното појавување на Ковид-19 во Кина сè уште ја поттикнуваат неизвесноста за глобалната продажба на облека. Трговецот на мало го проширува своето влијание во Северна Америка, каде што за прв пат објави годишен профит.

„Единствените фактори кои ги спречуваат акциите на „Uniqlo“ се растот во Северна Америка и слабеењето на јенот“, рече Ошади Кумарасири, берзански аналитичар во „LightStream Research“, во белешката пред објавувањето на прогнозата.

„И тие се под закана во моментов поради веројатната рецесија и каматните стапки кои не успеаја да ја спречат инфлацијата“, вели тој.

Акциите на „Fast Retailing“ пораснаа за 20% во оваа година бидејќи слабиот јен помогна да се зголеми пријавениот профит, а влијанието на пандемијата и војната во Украина ги ослабе.

За годината што заврши во август, оперативната добивка се зголеми на 297 милијарди јени при нето-продажби од 2,3 трилиони јени, соопшти компанијата.

„Нашите операции во Русија остануваат затворени, што резултира со голем пад на приходите и оперативната добивка за годината по отпишувањето на загубите“, се вели во соопштението на „Uniqlo“, додавајќи дека влијанието врз консолидираните резултати е ограничено.

Приходите во Јапонија најверојатно ќе се зголемат следната година, бидејќи домашната потрошувачка ќе се зајакне и меѓународните туристи се враќаат, бидејќи некои ограничувања за патување се укинати, соопшти компанијата. Островот почна да им дозволува на вакцинираните туристи од 68 земји без визи од оваа недела да може да влезат во земјата, ставајќи крај на повеќе од 2 години строги гранични контроли што ги оддалечија меѓународните посетители. Со повторното отворање на една од последните богати економии за туризам, се очекува економски подем што би можел да го засени туристичкиот бум пред пандемијата. Домашната потрошувачка може да се зголеми за 32% до 6,6 трилиони јени годишно по целосното отворање во споредба со 2019-та година, се вели во извештајот на економистите од „Goldman Sachs Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП