1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГрупата Queen сподели досега необјавена песна во која се појавува Фреди Меркјури

Групата Queen сподели досега необјавена песна во која се појавува Фреди Меркјури

Групата Queen ги воодушеви своите фанови ширум светот со објавувањето на емотивната рок балада Face It Alone, со Фреди Меркјури, која претходно беше непозната за јавноста.

Предметната песна е снимена во 1988 година и требаше да се најде на нивниот тринаесетти албум наречен The Miracle. Во тоа време, беше тешко да се снима бидејќи целиот бенд се занимаваше со фактот дека Меркјури има ХИВ, што не беше јавно обелоденето.

Меркјури имал 45 години кога била снимена песната, а починал три години подоцна. The Miracle беше претпоследниот албум на бендот со него, а веднаш по неговата смрт беше објавен Innuendo.

Брајан Меј и Роџер Тејлор изјавија дека оваа песна ја пронашле додека работеле на повторното издавање на албумот The Miracle. Сосема ја заборавија и мислеа дека не може да се искористи, но тоа не беше така.

По многу труд, песната Face It Alone ја доби својата нова, финална верзија и ќе биде главен сингл на реиздавањето на албумот кој ќе излезе на 18 ноември. Ќе има шест нови песни и претходно необјавени студиски снимки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП