19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung Galaxy S23“ станува компактен и ќе има поголема батерија

„Samsung Galaxy S23“ станува компактен и ќе има поголема батерија

Поплаките за автономијата на телефонот „Galaxy S22“ не се ретка појава, но се чини дека и овој проблем донекаде ќе се реши со зголемување на капацитетот на батеријата на претстојниот модел „Galaxy S23“.

Откако во август ја претстави новата генерација на преклопни телефони, „Samsung“ се подготвува да ја освежи својата популарна серија „S“.

Судејќи според типстерот „Digital Chat Station“, обичниот „Galaxy S23“ ќе има батерија со капацитет од 3.900mAh, што би требало да ја подобри автономијата. Неговиот претходник, да ве потсетиме, доаѓа со батерија од 3.700 mAh.

Инаку, „Galaxy S22“ пристигна на пазарот како телефон со компактни димензии, па „Samsung“ често им се „оправдуваше“ на корисниците дека едноставно нема простор за вметнување поголема батерија. И покрај ова, дојавувачот наведува дека „Galaxy S23“ ќе го има истиот дисплеј од 6,1 инчи со Full HD+ резолуција и дека батеријата наводно ќе поддржува брзо полнење од 45 W.

Според претходно објавените информации, телефонската серија „Galaxy S23“ ќе добие мало визуелно освежување, барем кога станува збор за системот на камера. Се очекува да биде придвижуван од претстојниот чипсет Snapdragon 8 Gen 2, а варијантата Exynos нема да биде толку распространета како порано. Како што рече аналитичарот Минг-Чи Куо уште во јули, причината за ова е фактот што новиот Exynos нема да може да се натпреварува со претстојниот SoC на Qulacomm.

„Samsung“ исто така им потврди на своите партнери дека „Galaxy S23 Ultra“ ќе има камера од 200 MP. Повеќе информации за претстојната серија на телефони „Samsung S“ ќе бидат познати во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП