28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ го претстави најскапиот „ТТ“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi“ го претстави најскапиот „ТТ“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

Спортското купе на „Audi“ слави четврт век постоење, па поради тоа беше претстававен јубилеен модел.

Неговото име е „Iconic Edition“, се нуди исклучиво во купе верзија (не во кабриолет), и во серија од само 100 примероци. Со „Nardo“ сивата боја и црните детали изгледа одлично.

Поставен е на црни алуминиумски тркала од 20 инчи, има црн спојлер и црни аеродинамични додатоци.

Исто толку е интересен внатре, со „RS“ седишта и многу алкантара.

Под хаубата се наоѓа 2,5-литарскиот 5-цилиндричен мотор од обичниот „TT RS“, кој произведува 400 ks и 480 Nm.

Има погон на четири тркала, менувач „S-tronic“, а до 100 km/h достигнува за 3,7 секунди, со максимална брзина од 280 km/h.

Цената на „Audi TT Iconic Edition“ во Германија е дури 113.050 евра, а првите испораки се планирани за почетокот на 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП