2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој е најбезбедниот, а кој најризичниот веб-прелистувач во 2022-ра година?

Кој е најбезбедниот, а кој најризичниот веб-прелистувач во 2022-ра година?

Новиот извештај од давателот на „VPN“ услуги, „Atlas VPN“ откри изненадувачки детали за тоа колку се сигурни некои од најпопуларните веб-прелистувачи.

„Google Chrome“ е прогласен за најранлив веб-прелистувач во 2022-ра година, додека „Safari“ на „Apple“ е најбезбеден.

Извештајот се заснова на податоци од базата на податоци за ранливост „VulDB“ и го опфаќа периодот од 1-ви јануари 2022-ра година до 5-ти октомври 2022-ра година.

„Google Chrome“ се смета за еден од најсигурните веб-прелистувачи и затоа повеќето корисници го претпочитаат како стандарден веб-прелистувач. Според „SimilarWeb“, пазарниот удел на „Chrome“ беше околу 61,96% во август 2022-ра година.

Затоа, изненадувачки е да се дознае дека најпопуларниот пребарувач во светот е и најризичниот. Според извештајот на „Atlas VPN“, „Chrome“ содржи 303 пропусти и води на табелата со 3.159 кумулативни пропусти.

„Chrome“ е единствениот прелистувач во кој беа откриени нови пропусти во октомври 2022-ра година. Тие ги вклучуваат следните пропусти: CVE-2022-3307, CVE-2022-3318, CVE-2022-3314, CVE-2022-3311 и CVE-2022-3309.

Корисниците на „Chrome“ можат да ги решат овие проблеми со ажурирање на нивниот прелистувач на верзијата 106.0.5249.61.

По „Google Chrome“, следен најранлив прелистувач е „Mozilla Firefox“, со 117 пропусти.

Според извештајот на „Atlas VPN“, „Microsoft Edge“ е трет најранлив веб-прелистувач, со околу 103 пропусти, што претставува зголемување од 61% во споредба со пропустите откриени во истиот период во 2021-ва година.

Иако „Apple Safari“ не е најризичниот прелистувач во 2022-ра година, тоа не значи дека е целосно безбеден. „Safari“ имаше 26 пропусти откриени во првите три квартали од 2022-ра година, а од објавувањето на прелистувачот откриени се 1.139 пропусти. Сепак, беше прогласен за најбезбеден поради релативно малкуте пропусти во 2022-ра година.

Интересно е што оваа година немаше документирани пропусти во прелистувачот на „Opera“, а досега има вкупно само 344 пропусти во „Opera“. Но, бидејќи „Opera“ е базирана на „Chromium“, пропустите на „Chromium“ исто така може да влијаат на овој веб-прелистувач.

Заради сопствената безбедност и безбедноста на нивните уреди, корисниците на веб-прелистувачи треба да го ажурираат својот веб-прелистувач и секогаш да преземаат екстензии на веб-прелистувачи од доверливи, официјални извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП