25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПечурките против холестеролот

Печурките против холестеролот

Консумирањето на само 100 гр печурки дневно само една недела, го намалува нивото на холестерол за 12 проценти, покажаа научните студии.

Истовремено, група испитаници кои во истиот период јаделе околу 60 гр путер дневно, го зголемила холестеролот за дури 14 проценти. А контролната група која консумирала иста количина на путер во комбинација со 100 гр печурки, го намалила холестеролот за 4 проценти. Врз основа на тие резултати заклучено е дека печурките се совршен чистач на крвта.

Нутриционитите ги нарекуваат „шумско месо“ бидејќи покрај пријатниот вкус и мирис, поседуваат и исклучителна биолошка вредност.

Имаат речиси ист квалитет како и животинското месо, содржат дури 91 процент вода и многубројни минерални состојки, особено калиум, и нешто помалку калциум, фосфор, железо и магнезиум.

Освен тоа, богати се и со билни влакна, а содржат и витамини Б2, Д и Ц. Меѓутоа, биолошки се особено корисни поради бековините, и особено важните аминокиселини. Интересно е дека свежите печурки поседуваат две проценти белковини, а сушените 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП