24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувачите фрустрирани, мораат да чекаат 30 месеци за ново возило

Купувачите фрустрирани, мораат да чекаат 30 месеци за ново возило

Купувачите на автомобили во Јужна Кореја мора да чекаат доста долго за испорака од трите локални марки „Hyundai“, „Kia“ и „Genesis“, што предизвикува сериозна тензија, пишува „Korea Times“.

Производителите велат дека доцнењата може да се припишат на постојаниот недостиг на полупроводници и севкупниот раст на побарувачката за нови возила, но локалните потрошувачи се убедени дека „Hyundai Motor Group“ им дава приоритет на прекуокеанските пазари поради поевтинувањето на корејската валута во однос на американскиот долар. А тоа значи дека извозниците можат да продаваат производи по пониска цена на светскиот пазар.

Според „Korea Times“, на некои потрошувачи им било кажано дека ќе мора да чекаат до 30 месеци пред да добијат испорака на нов модел на „Hyundai“, „Kia“ или „Genesis“. Локалната платформа за тргување со автомобили „Getcha“ откри дека некои купувачи на 26 модели од трите марки ќе мора да чекаат до 30 месеци. Пред само една година, времето за испорака беше 11 месеци.

„Морам да чекам две и пол години за да купам „Genesis“ или друг спортски теренец направен од „Hyundai“ или „Kia“? Не го разбирам тоа“, напиша потенцијален купувач на еден од локалните форуми.

Познато е дека времето за испорака на моделите „Kia K3“ и „K5“ е зголемено за дополнителни 3 до 5 месеци, додека за „K5“, „K8“ и „Sorento Hybrid“ е подолго за 8,5 месеци.

Во меѓувреме, купувачите на „Hyundai Avante“, „Sonata“, „Grandeur“ и „Santa Fe“ ќе мора да чекаат меѓу шест и 20 месеци пред да ги добијат клучевите од нивниот нов автомобил. Претставник на концернот ги негира тврдењата дека странските купувачи се приоритет.

„Не само корејските корисници, туку и оние во странство страдаат од доцнењата. Тврдењето дека им даваме приоритет на корисниците во странство на сметка на локалните е едноставно погрешно. Без разлика дали се работи за електрични возила (ЕВ) или хибриди, на најновите модели им требаат најнови чипови и делови, за кои може да биде потребно извесно време да се набават. Ќе дадеме се од себе веднаш да одговориме на зголемената побарувачка на потрошувачите кои ќе изберат да ги купат нашите возила“, објави „Hyundai Motor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП