3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоследната серија од најатрактивниот модел на „Audi“ (ФОТО/ВИДЕО)

Последната серија од најатрактивниот модел на „Audi“ (ФОТО/ВИДЕО)

Легендарниот „Audi R8“ и неговото чудовиште V10 повторно излегуваат на асфалтот и тоа во најекстремната верзија досега.

Целосно име: „R8 V10 GT RWD“ ја носи моќта на верзијата „Quattro“ во полесен пакет, само со погон на задните тркала.

Најдоброто од двата света, кај „Audi R8“ значи 620 ks и 565 Nm од една страна и 1.570 kg од друга страна.

Понаклонетите кон конкретни податоци, ќе ги читаат следните податоци. Овој „R8“ достигнува 100 km/h за 3,4 секунди, а 200 km/h за 10,1 секунди.

Максималната брзина е пристојни 320 km/h.

Изведбата е очигледно достојна за почит, што укажува дека „Audi“ мораше да ги усоврши придружните системи, вклучително и сопирачките.

Гумите се „Michelin Sport Cup 2“ на алуминиумски тркала од 20 инчи, сопирачките се керамички, а за да се заштеди тежина, седиштата се направени од „CFRP“ композит, односно пластика засилена со јаглеродни влакна.

Карактеристични се затемнетите прстени и соодветната ознака на задниот дел од автомобилот.

Покрај тоа, каросеријата доби аеродинамични карбонски додатоци.

Автомобилот од најновата серија „R8“ се нуди во мат сива „Suzuka“, а во листата на опции се и „Daytona“ сивата и „Tango“ црвената боја.

„Audi“ од оваа серија ќе направи точно 333 примероци, а во Германија почетната цена е 225.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП