26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСинот на Меџик Џонсон сака фустани, штикли и момчиња: Кошаркарот сега го...

Синот на Меџик Џонсон сака фустани, штикли и момчиња: Кошаркарот сега го поддржува, но сепак…

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Меџик Џонсон, за малку ќе прослави 31-годишнина од бракот со сопругата Куки Џонсон, а во долгиот брак добија три деца. Сепак, не помина се така глатко кога дозна дека неговиот синот бил трансродово лице.

Двајцата имаат големо семејство, а нивниот најстар син Андре останува далеку од очите на јавноста, додека 28-годишната Елиса е успешна инфлуенсерка и модна дизајнерка.

Сепак, најмногу внимание привлече 30-годишниот Еј Џеј Џонсон (Е.Џ.). Имено, тој е трансродово лице, а како таков јавно ја изјавил својата сексуална ориентација кога имал 13 години.

Неговите родители го поддржуваа во тој процес, како и остатокот од семејството. Меџик еднаш изјави дека мисли дека е родителска работа да го сака своето дете такво какво што е, без разлика што прави, но неспорно е дека на почетокот воопшто не се грижел.

Инаку, тие двајца често се појавуваат заедно на бројни друштвени настани каде Еј Џеј носи фустани, но и други комбинации кои секогаш привлекуваат внимание.

Еј Џеј учествуваше и во реално шоу, а денес на Инстаграм го следат околу 700 илјади луѓе, често споделува фотографии со семејството и истакнува дека го поддржуваат во се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП