понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаКОМПАНИИКаско Green, нова понуда на Триглав Осигурување

Каско Green, нова понуда на Триглав Осигурување

Триглав Осигурување воведе на пазарот нова можност за клиентите на каско осигурување, Каско Green. Понудата им обезбедува 50% попуст на премијата за осигурување на клиентите, кои ќе склучат или обноват каско осигурување за своето електрично или хибридно возило.

Понудата Каско Green е наменета за клиентите од резидентниот и од корпоративниот сегмент и има важност до 31-ви март, 2023 година.

Заштитата на животната средина е еден од најголемите предизвици на денешницата и бара посебно внимание и посветеност од сите нас. Во Триглав веруваме дека секој од нас може да придонесе кон позитивни промени и дека високата инволвираност е единствениот начин да обезбедиме сигурна иднина за нашите идни генерации. Тоа е нашата мисија и определба. Токму затоа, одржливиот развој е една од главните насоки во новелираната стратегија на групацијата. Не само во доменот на корпоративното управување, туку и во неговото инкорпорирање во развојот на продуктите, што како компанија ги нудиме на пазарот. Континуирано создаваме нови можности, преку кои ја наградуваме и мотивираме грижата за животната средина и кои придонесуваат кон одговорен однос кон неа. Таков е случајот со електричните заменски возила за нашите каско клиенти, што како асистентска услуга ja нудиме веќе неколку месеци. Каско Green е нова и воедно единствена можност на пазарот, која што на нашите клиенти, кои ќе обезбедат или обноват каско осигурување за своите електрични или хибридни возила, под одлични комерцијални услови им нуди комплетна заштита на нивното возило и на средината во која живееме. Одржливата ориентација се обидуваме да ја вградиме и во корпоративното управување и да придонесеме и самите кон заштитата на животната средина. Така, годинава голем дел од нашиот возен парк заменивме со електрични возила, а нашите вработени дополнително имаат можност да користат и електрични велосипеди и тротинети. Веруваме дека промената треба да започне од нас, затоа се грижиме за квалитетот на животот на нашите клиенти, за заштита на животната средина, за безбедната иднина на нашите деца, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП