23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕдното дете го давеше, а другото го удираше по лице! Анџелина Џоли...

Едното дете го давеше, а другото го удираше по лице! Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за насилство

Анџелина Џоли поднесе документи до судот во кои тврди дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит ги нападнал неа и нивните деца за време на приватен лет.

Поранешниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит по разводот останаа во лоши односи, а безброј тужби „врнеа“ од двете страни. Сега актерката поднела скандалозни документи до судот во кои тврди дека нејзиниот поранешен сопруг ја нападнал за време на приватен лет и дека едното нивно дете го давел, додека другото го удрал во лицето.

Бред Пит ја тужел поранешната сопруга затоа што таа го продала својот дел од винаријата „Шато Миравал“ во Франција, која ја купиле заедно и каде се венчале, а Анџелина го обвинила поранешниот сопруг за насилство како дел од тужбата. Како што е наведено, се се одвивало во текот на летото за Лос Анџелес од споменатиот имот во 2016 година, по што таа поднела документи за развод.

Актерката тврди дека Бред Пит во алкохолизирана состојба ја фатил за глава, вербално ја малтретирал, а веднаш по полетувањето на авионот, Пит наводно ја турнал во тоалетот во задниот дел на авионот, се вели во тужбата.

„Пит ја зграби Џоли за глава и ја затресе, а потоа ја фати за раменици и ја турна на ѕидот во бањата, тресејќи ја уште еднаш. Потоа со раката неколку пати удри на таванот, а потоа Џоли излезе од бањата“, не наведува во противтужбата што Анџелина ја поднела откако Бред ја тужел за продажба на нејзиниот дел од имотот во Франција на руски олигарх, за кој рекол дека се согласиле да не го продаваат.

Во противтужбата стои и дека Бред Пит постојано пиел алкохол во текот на летото, а по нападот на Анџелина нападнал и две нивни деца кои тогаш имале 8 и 15 години. Нејзините адвокати тврдат дека Пит почнал да и вика на Џоли и да и кажува дека „покажуваат преголема почит кон децата“.

Откако едното дете се обидело вербално да интервенира, Пит „го нападнал“, се наведува во документите. Актерката потоа го фатила одзади за да го спречи, а Пит наводно ја фрлил назад на седиштето, а Анџелина се здобила со повреди на грбот и лактот.

Исто така, се тврди дека пред да заврши Пит го гушел едното дете, а другото го удирал по лицето. Адвокатите на Анџелина изјавиле дека до крајот на летот актерката и децата мирно седеле и молчеле под ќебињата.

“На моменти Пит излегуваше од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе. Во еден момент ја поли Џоли со пиво, а во друг децата со пиво и црвено вино”, се вели во судските документи.

Во 2016 година, ФБИ го истражуваше инцидентот и беше одлучено да не се покренува обвинение, по што се појавија информации дека Анџелина одлучила да го тужи ФБИ. По разводот тие со години водеа битка за старателство, а судот минатата година им додели заедничко старателство на Пит и Џоли.

Бред Пит ги отфрли сите овие наводи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП