29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.10.2022

Дневен хороскоп 05.10.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте за важни чекори кои ги сметате за неопходни. Пред вас е ден во кој ќе имате многу обврски. Ве очекува убава атмосфера во блиското семејство и среќен ден за оние во брак.

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да донесувате одлуки кога сте под притисок или стрес. Почекајте малку работите да се смират. Можно е дека ќе бидете малку разочарани од саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Максимално сте посветени на полето за зарботка и важно ви е да решите некои финансиски проблеми. Доколку ви се допаѓа некоја личност родена во огнен знак ви треба време за го освоите нејзиното внимание.

Рак (22.06 – 22.07)

Пред вас е ден во кој нема да имате стресни ситуации. Останете доследни на своите принципи и бидете упорни. Ви се допаѓа личнос која на некој начин се издвојува од опкружувањето на кое сте навикнати.

Лав (23.07 – 22.08)

Атмосферата на деловен план не е најдобра, па едвај ќе чекате да ја завршите работата и да одите дома. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале пред некое време, па сега е идеален ден да започнете комуникација.

Девица (23.08 – 22.09)

Денот е поволен ако сте планирале патување. Ако не сте планирале ништо, тогаш можете да очекувате опуштена ситуација и доста слободно време. Склони сте на авантури и сега едноставно не сте заинтересирани за почеток на нова сериозна врска.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате мал судар на авторитети кој тешко ќе го разрешите. Потрудете се сами дополнително да не ја закомпликувате ситуацијата. Во љубовта ќе бидете огнени и ќе оставите многу добар впечаток на саканото лице.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата на полето за финансии е солидна и ви влева чувство на безбедност. Пред вас е генерално добар ден. Во вас се буди некоја несигурност и полека станувате несигурни. Разговарајте со партнерот за работите кои ви пречат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е да имате трема да покажете некоја своја идеја или проект но неопходно е да ги надминете внатрешните кочници. Денот е поволен за љубов, можете да очекувате убави случувања.

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да бидете подготвени да прифатите нова понуда за работно место кое сепак е подобро од моменталното. Во љубовта може да ви пречи тоа што саканото лице нема доволно доверба во вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред себе имате многу обврски и очекувајте вашиот ден генерално да биде многу напорен. Во љубовта можете да се надевате на убави случувања со лицето кое неодамна сте го запознале.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе ви се пружи шанса да остварите успех кој го посакувате веќе некое време. Ќе имате доста среќа на овој план. Во љубовта на вашиот партнер му одговара вниманието кое го добива од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП