2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell повторно стана приватна компанија

Dell повторно стана приватна компанија

dell1

Мајкл Дел и „Silver Lake“ успеаа да ја добијат постапката за превземање на компанијата „Dell“, некогаш водечки производител на компјутери, која сега ќе стане приватна компанија и ќе ги повлече своите акции од берзата.

„Dell“ објави дека акционерите во компанијата, врз основа на пребројувањето на гласовите по вонредниот состанок, го одобриле предлогот на Мајкл Дел, основачот на компанијата, главниот директор и претседател на Управата, да го купи „Dell“ во партнерство со „Silver Lake“, глобална компанија која вложува во технологијата.

Акционерите во „Dell“ запишани пред спојувањето на компанијата ќе добијат 13,75 долари по акција во готово и посебна дивиденда во готово во износ од 0,13 долари по акција, и така вкупната цена на акцијата ќе изнесува 13,88 долари во готово.

Договорот исто така гарантира дека на акционерите запишани пред денот на заклучување на трансакциите ќе им биде исплатена редовна квартална дивиденда во износ од 0,08 долари по акција за третиот фискален квартал. Вкупната вредност на трансакциите се проценува на 24,9 милијарди долари.

Заминувањето од берзата би требало да го ослободи „Dell“ од притисокот на акционерите и да му овозможи слобода во развојот на новите производи, со кои оваа компанија би требало да влезе во битка со актуелните трендови на пазарите. Имено, „Dell“ како и многу други компании за компјутери, ги запостави брзорастечките сегменти на мобилните уреди, како што се таблетите и смартфоните, а сега треба да најде и нови деловни модели со кои ќе се врати на некогашните патеки на успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП