Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија и медиумски извештаи дека им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп по загубата на правната битка иницирана од поранешниот сопруг, пишува шпанска „Марка“.
Според пресудата, актерката мора да му плати отштета на Деп над 10 милиони долари, а неколку таблоиди тврдат дека таа на адвокатите им должи уште поголема сума.
Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.


