20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАModern French Art денес како дел од Култиватор

Modern French Art денес како дел од Култиватор

Денес во БКВ Хибрид Бар за прв пат пред македонската публика со своја изложба на уметнички дела ќе се престави Modern French Art –  Сандра Поповска со изложбата „АНА” како дел од KULTIVATOR FESTIVAL 2022.

Уметничките дела кои се предмет на изложбата “АНА” претставуваат дел од нејзиното битие, а пред се ги отсликуваат емоциите изгаени од нејзиното најрано детство, па се до целокупната синергија која се создавалаоколу нејзе до денешен ден.

Делата се нејзини приказни, напишани на ливадите на бабаи, исткаени од бисерите, обоени со детски насмевки, завиена со спокој.  Секое посебно уметничко дело носи во себе дел од приказната со која израснала и се фузија на верба, љубов и безгрижност.

Изложбата “АНА”  ја сочинуваат различните видови на апстрактни стилови и техники на сликање како дел од современата модерна уметност. Комбинација на акрилна техника, колаж, слики, бои и зборови кои ги носи уметницата во себе, за кои се бори и за кои живее. Оваа изложба е посветена на сеќавањето на Ана Поповска.

Сандра Поповска е родена на 24.06.1990 во Скопје, адвокат по професија a пред се уметник, љубител на слободното изразување, со огромна пасија кон современата модерна уметност. Насочена е кон креативно создавање на уметнички апстрактни дела, кои ги отсликуваат емоциите и чувствата на еден млад човек во денешниот свет на урбано живеење. Сандра има француско потекло и оттука е и името Modern French Artпреку кое на уникатен начин ја соединува енергијата на Македонија и Франција како две сосема различни општества, кои се исти во едно – Во љубовта кон уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП