четврток, 8 декември 2022
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.09.2022

Дневен хороскоп 28.09.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува генерално поволен ден. Единствено, доколку соработувате со странство можни се мали пречки. Во љубовта ќе сакате да ги дефинирате правилата во вашата врска.

Бик (21.04 – 21.05)

Иако сте подготвени максимално да и се посветите на работата, постојат некои околности кои ве кочат. Во љубовта ве очекува тежок ден за комуникација со саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е да бидете малку загрижени за своето поле на финансии и да ви се чини дека некои работи не одат во најдобар ред. Но без гајле, се ке биде совршено. Доколку имате проблем со љубомора, мора да го решите.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува малку потежок ден на деловен план. Можно е да имате и некои лични недоразбирања на ова поле. Во љубовта нема да имате некои поголеми промени, се ќе се одвива спонтано.

Лав (23.07 – 22.08)

Трудете се да останете сконцентрирани на полето за работа, некој семеен проблем ќе ви го пореметува вниманието. Доколку сте во брак пред вас е тежок период и комплициран ден. Слободните можно е да влезат во нова врска.

Девица (23.08 – 22.09)

Имате недостаток на енергија па многу ќе ви биде тешко да им се посветите на деловните обврски кои ве чекаат. Во љубовта подготвени сте за нови случувања, но некоја личност од минатото не ве остава на мир.

Вага (23.09 – 22.10)

Како новите деловни прилики да не ги гледате на вистинскиот начин. Може да се случи да пропуштите некоја шанса. Комуникацијата со саканото лице е исполнета со некоја горчина. Пробајте да го решите тоа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немојте да очекувате подобрување на финансиите бидејќи тоа нема наскоро да се случи. Пред вас е малку тешок ден исполнет со работа. За љубов денес нема да имате време, најверојатно и нема да успеете да го видите партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку направите некоја грешка на деловен план, можете да бидете санкционирани повеќе отколку што очекувавте. Во љубовта нема да ви биде лесно да прејдете преку гордоста, а тоа е единствениот пат за смирување со партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да не можете да ја покажете својата креативност на вистински начин бидејќи сте на работно место кое ве ограничува. Во љубовта сметате дека нешто помеѓу вас и партнерот се променило.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате впечаток дека не можете ништо да промените на работа, иако тоа не е така. Сигурно имате погрешна слика за некои случувања. Во љубовта полни сте со стравови и ограничувања и тешко ќе се ослободите од тоа.

Риби (20.02 – 20.03)

Денот не е поволен за деловно напредување. Можете да очекувате некои кочници на деловен план. Во љубовта нема да ви одговара дистанцата меѓу вас и саканото лице, променете го тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП