25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите осигурителни компании во светот во 2022-ра

Најголемите осигурителни компании во светот во 2022-ра

Осигурителната индустрија е добро претставена на најновата листа на „Forbes Global 2000“, која рангира 2.000 од најголемите јавни компании во светот врз основа на проценка која ги зема предвид приходите, профитот, средствата и пазарната вредност на секоја фирма, пишува „Insurance Business Mag“.

Точно 105 осигурителни компании се присутни на листата за 2022-ра година. Единаесет од нив се во топ 100. Останатите топ 20 се рангирани до максимум 220 место меѓу сите компании.

Меѓу лидерите доминираат компаниите од САД, а потоа следат Кина, Швајцарија, Германија и Јапонија. По нив следуваат Франција, Холандија, Канада, Хонг Конг и Италија.

Осигурителните гиганти можат да се пофалат со комбинирана пазарна вредност од речиси 1,6 трилиони долари и средства во вкупна вредност од над 11,2 трилиони долари.

Во 2022-ра година, речиси сите осигурителни компании во првите 20 забележуваат пад на рангирањето. Најзабележително е кај најголемата осигурителна компанија во светот – кинеската „Ping An Insurance Group“, која падна за 11 позиции на 17-то место во споредба со минатата година.

Втора по големина осигурителна компанија е „UnitedHealth Group“, која загуби две позиции и сега е на 22-ро место. Следи минхенската компанија „Allianz“, која е на 35-то место.

Добро познатите индустриски играчи како „Aviva“, „Progressive“, „Legal & General“ и „Cathay Life“, во меѓувреме, отпаднаа од топ 200 на „Global 2000“ откако се рангираа меѓу најдобрите фирми во 2021-ва година.

Топ 10 најголеми осигурителни компании

„Ping An Insurance Group“ – Кина, пазарна вредност 121,69 милијарди долари.

„UnitedHealth Group“ – САД, 490,15 милијарди долари.

„Allianz“ – Германија, 96,42 милијарди долари.

„AXA Group“ – Франција, 65,75 милијарди долари.

„China Life“ – Кина, 43,02 милијарди долари.

„AIA Group“ – Хонг Конг, 120,19 милијарди долари.

„MetLife“ – САД, 57,39 милијарди долари

„Zurich Insurance“ – Швајцарија, 69,22 милијарди долари

„Cigna“ – САД, 81,21 милијарди долари.

„AIG“ – САД, 48,73 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП