29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете го овој освежителен детокс напиток и отстранете го вишокот килограми

Направете го овој освежителен детокс напиток и отстранете го вишокот килограми

Комбинацијата од драгоцени додатоци во здравиот зелен чај ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе го намали шеќерот во крвта.

Зелениот чај содржи доста аминокиселини кои го забрзуваат метаболизмот. Тој е благ диуретик кој влијае на висината на шеќерот во крвта, го намалува нивото на холестерол, се користи при инфекции, а редовното консумирање е поврзано со намалувањето на развојот на малигни заболувања.

Чајот можете да го пиете со лимон или да го помешате со други ароматични масла со цел да го оплемените малку горчливиот вкус. Ние ви предложуваме детокс напиток кој ќе ве освежи и ќе ви помогне да намалите некој килограм…

Состојки:

1 литар вода

1 мало парче свеж ѓумбир

2 лажици мед

1 исецкан лимон

4 кесички зелен чај

Подготовка:

Ставете ја водата во длабок сад и оставете да зоврие, додадете го ѓумбирот, намалете го огнот и варете го околу 5 минути. Садот тргнете го од оган и додадете ги кесичките чај, поклопете и оставете ги да отстојат 10 минути. Извадете ги кесичките и оладете го чајот. Во ладниот чај додадете го медот и лимонот. Доколку сакате ставете и коцки мраз. Уживајте и освежувајте се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП