21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi TT“ ќе има електричен наследник

„Audi TT“ ќе има електричен наследник

Љубителите на „Audi TT“ добиваат добри вести – ќе има наследник на популарниот германски спортски автомобил, но како што може да претпоставите – тој ќе биде електричен.

Третата и последна генерација на култниот автомобил запре во 2014-та година, а потоа имаше неколку гласини за наследник, но тоа никогаш не се случи.

Имаше сугестии дека новиот „Audi TT“ може да биде или кросовер купе или спортски седан. Сепак, овие проекти никогаш не беа реализирани. И откако одлуката се „печеше“ најмалку 4 години, сега се знае дека автомобилот со две врати ќе добие целосно електричен погон. Сепак, не е познат датумот на дебито, како и името.

Маркус Дујсман, извршен директор на „Audi“ потврди дека идната гама на компанијата од Инголштад ќе вклучува еквивалентен модел на „Audi TT“ и ќе биде 100% електричен, пишува „motorisumotori“, повикувајќи се на разговор меѓу Дујсман и германски новинари.

Уверувањата се дека електричната верзија ќе може да го пружи истото уживање во возењето како и автомобилите со мотори со внатрешно согорување од моделот „Audi TT“. Исто така, идниот „ТТ“ може да задржи одредена филозофија од сегашниот автомобил, но не мора да биде негов наследник. Ова се должи на фактот што ресиверот ќе добие помодерен, па дури и радикален дизајн, сличен на „e-tron“. Дополнително, има големи шанси во кабината сепак да има само две седишта за инженерите да можат да ја минимизираат тежината на моделот.

Новиот „ТТ“ ќе биде изграден на платформата „PPE Premium“, која исто така ќе ја формира основата на „718 Cayman“. Сепак, овие автомобили ќе се разликуваат не само во дизајнот, туку и во однос на механиката. „Audi“ ќе добие свои електрични мотори за да обезбеди високи перформанси.

Архитектурата на „PPE“ поддржува преден, заден и погон на сите тркала, така што спортскиот автомобил може да се нуди во неколку варијанти.

Сепак, постои голема можност германската компанија да ја задржи само конфигурацијата на предните тркала во „TT“. Електричниот мотор би можел да биде на задниот дел од автомобилот, што би му овозможило да има долна каросерија, што би било добро за аеродинамиката.

До денес, трите генерации на „Audi TT“, сите изведени без исклучок од модерните компактни седани на групацијата „Volkswagen“ – „Audi A3“ и „Volkswagen Golf“, под хаубата имаа мотори со внатрешно согорување, бензин и дизел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП