18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоверливи документи докажуваат дека Меси барал невoзможни работи за да остане во...

Доверливи документи докажуваат дека Меси барал невoзможни работи за да остане во Барселона

Лионел Меси во солзи ја напушти Барселона во летото 2021 година откако го помина речиси целиот свој живот во овој клуб. Меси и Барселона не постигнаа договор за продолжување на соработката, а потоа Аргентинецот потпиша за францускиот ПСЖ како слободен играч во август 2021 година.

„Ел Мундо“ објави доверливи документи и мејлови разменети меѓу Хорхе Меси и претставници на Барселона во кои е забележливо какви неверојатни биле барањата за да остане на „Камп Ноу“.

Од обичните работи, побарана е приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството Меси, како и за семејството на Луис Суарез, со кого е голем пријател и авион за целото семејство за патување во Аргентина за време на божиќните празници.

Тој побарал и бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека ќе му бидат исплатени сите пари што не ги добивал навреме од клубот во тешките денови со три отсто камата на сите пари.

Меси преку неговиот татко побарал и да му дозволат да го напушти клубот кога ќе посака и тоа за симболична сума од 10.000 евра. Требало да биде укината клаузулата од 700 милиони евра за заминување.

Преговорите за нов договор меѓу Меси и Барселона започнаа во 2020 година. Тие се водеа долго, а потоа изби познатата афера „бирофакс“ кога тој побара да го напушти клубот една година пред истекот на договорот вреден нешто повеќе од 555 милиони евра потпишан во 2017 година.

Меси тогаш остана во клубот, но една година подоцна клубот не можеше да му ги исполни желбите и тој реши да си замине и сега е член на ПСЖ.

Лионел Меси одигра 778 натпревари и постигна 672 гола во дресот на каталонскиот гигант, а во овој клуб стана еден од најдобрите играчи на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП