25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.09.2022

Дневен хороскоп 21.09.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате важни разрешувања доколку планирате некоја работа поврзана за недвижнини или продажба на земјиште. Слободните ќе имаат интересна средба, оние во врска или брак ќе ја зацврстат љубовната состојба со посмели чекори.

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е поволен за деловни преговори, ќе имате доста среќа на ова поле. Љубовната ситуација ќе ви биде многу возбудлива, ве очекуваат нови прилики за флерт.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку работите со партнер, ве очекуваат добри вести и поголема сума на пари. На полето за љубов се оди глатко, партнерот ви е посветен, само уште недостасува да му возвратите со иста мера.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да се надевате на многу убави случувања на деловен план, ве очекува големо олеснување. На љубовното поле ќе уживате во секој прекрасен момент кој ќе го поминете со партнерот, ве очекува и мало изненадување.

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во добра работна фаза, ќе имате поволни настани на кои ќе слушнете одлични вести. Работете поорганизирано. Слободните може да очекуваат ново познанство. Вистинската љубов доаѓа кон нив.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува некоја добивка на полето за финасии, наследство или добро ново партнерство. Кога станува збор за љубовта можете да се надевате на страствени случувања и добра атмосфера.

Вага (23.09 – 22.10)

Посветени сте и на работата и тоа во оваа недела ќе ви донесе многу добри резултати. Во љубовта ќе имате некои пречки и сомнежи. Љубомората нема да ве остави на раат.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку планирате соработка со странство, ќе ја остварите. Нема да имате големи пречки оваа недела во работата. Љубовната ситуација е прилично интересна ако ви допаѓа некој Бик.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате прилика за опуштање и фаза во која нема да бидете претерано оптеретени со обврски. Кога станува збор за љубовта преку некој пријател ќе запознаете личност со која наскоро ќе влезете во врска.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви бидат наметнати некои мали ограничувања на деловното поле, но доколку бидете рационални лесно ќе ги надминете. Љубовната ситуација би можела да биде интересна доколку ви се допаѓа некоја Риба.

Водолија (21.01 – 19.02)

На деловениот план очекувајте позначителен прилив на пари. Кога станува збор за љубовта, можно е да заземете малку попасивен став. Но, затоа пак ќе сакате што повеќе да бидете со пријателите и поширокото семејство.

Риби (20.02 – 20.03)

Пред вас е фаза во која ќе имате многу среќа на сите полиња. Овој ден нема да имате премногу напорни обврски. На полето за љубов ќе цветаат рози со личноста која искрено ве сака и сака да бидете покрај неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП