20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачинот кој помага за топење на мастите

Зачинот кој помага за топење на мастите

Кумин. Не така популарен зачин во Македонија, но сепак лесно ќе го пронајдете во продавниците за здрава храна.

Овој навистина чудесен и многу лековит зачин, е вистински благодет за организмот, бидејќи не само што го зајакнува имунолошкиот систем, туку може да ви помогне и при загубата на килограми, и тоа многу ефикасно.

Според едно истражување спроведено во Иран, 88 жени испитаници се поделиле во две групи. Секоја група во текот на три месеци била на ист режим на исхрана кој изнесувал 500 калории помалку во однос на нивниот претходен режим.

84559_profimedia0196232620-zacini_630x0

Едната група жени секој ден консумирала по една мала лажичка кумин со 150 милилитри јогурт.

По три месеци, испитаничките од групата која консумирала кумин имале во просек 2 килограми помалку во однос на другата група која не го консумирала овој зачин.

Исто така, жените кои редовно го консумирале имале помалку холестерол и генерално подобра крвна слика.

Сепак, поради силната арома на овој зачин, ви предложуваме да го користите во помали количини.

66589_dijeta-shutterstock-177017564_630x0

– додадете по ¼ лажичка во готвените јадења, како боранија, компир манџа или полнети пиперки

– направете сопствена мешавина од зачини во која задолжително ќе го вклучите

– додадете го во домашно направениот мајонез, хумус и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП