25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„OnePlus 11 Pro“ има интересен дизајн на камерата

„OnePlus 11 Pro“ има интересен дизајн на камерата

Компанијата „OnePlus“ се очекува да го претстави својот нов предводник, кој ќе се вика „OnePlus 11 Pro“, на почетокот на следната година.

Сега се појавија и рендерите на телефонот, објавени од свиркачот „@OnLeaks“ во соработка со веб-страницата „SmartPrix“, кои ни даваат поглед на изгледот на идниот предводник на кинеската компанија.

Како што можете да видите на рендерите, „OnePlus 11 Pro“ ќе го отфрли квадратниот дел за камерите на задната страна и наместо тоа ќе користи исечок во кој се наоѓа тркалезен модул со три сензори, блиц и логото на „Hasselblad“.

Засега нема детали за карактеристиките на овие сензори за камера, ниту за спецификациите на телефонот „OnePlus 11 Pro“. Од рендерот може да се заклучи дека телефонот ќе има делумно заоблен дисплеј и камера со дупка во горниот лев агол на екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП