27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНикола Ристановски награден за најдобра машка улога

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога

Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори 9. театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад – Србија.

Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар.

Ристановски веќе 30 години кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници.

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП