26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПуканките се одлични за срцето и ве штитат од опасните болести

Пуканките се одлични за срцето и ве штитат од опасните болести

Нормално сето ова може да се расипе со додавањето на премногу сол, шеќер или масти, но ако не претерувате со додатоците, пуканките освен што се добро друштво при гледањето на филм, тие се одлични и за вашите крвни садови, варењето и превенцијата од рак.

„Повеќето луѓе не знаат дека пуканките се житарки од цело зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар, а само 30 грама пуканки се еднакво добри како дневна порција интегрален ориз или интегрални тестенини“, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „St George“.

Пуканките содржат три пати повеќе влакна отколку истата количина на семки од сончоглед, поради шти подолго време ќе се чувствувате сити. Освен тоа, го регулираат нивото на шеќер во крвта, па потребата за слатки ќе биде намалена, го намалуваат лошиот холестерол LDL, а содржат и доза витамин Б.

Истражувањето објавено во „American Chemical Society“ сугерира дека вистинските здравствени вредности на пуканките се кријат во изненадувачки големата количина на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикалии кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.

Меѓутоа, треба да внимавате колку додавате сол, масти или шеќер врз нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП