Пневмонијата, чија причина се уште не е позната, ја зеде четвртата жртва во Аргентина, а бројот на заразени се искачи на 11
Од деветте заразени, осум се здравствени работници, а еден е пациент на одделот за интензивна нега, кој бил лекуван во приватна клиника во Тукуман – мал регион северозападно од главниот град Буенос Аирес.
Министерството за здравство соопшти дека 48-годишен маж и подлегнал на болеста. Причина засега не е позната.
Локалниот весник „Ла Гацета де Тукуман“ пишува дека земените примероци од пациентите „биле позитивни на Легионела“, повикувајќи се на неофицијални извори од Институтот Малбран во Буенос Аирес, но Институтот се уште официјално не го потврдил тоа.
Бактериите Легионела обично се наоѓаат во слатководни средини, како што се езера и потоци. Тие можат да предизвикаат она што е познато како Легионерска болест, многу сериозен тип на атипична пневмонија со симптоми на треска и акутна белодробна инфекција.
За потсетување, тим од Европскиот центар за контрола и превенција на болести во вторникот почна да ги следи случаите во Аргентина, а ситуацијата ја следат и научници од Светската здравствена организација.
Првиот пациент почина во понеделникот, а вториот во средата, откако сите страдаа од „тешка респираторна состојба со билатерална пневмонија, многу слична на ковид“.
Првите шест пациенти почнале да покажуваат симптоми помеѓу 18 и 22 август. Официјалните лица, сепак, не кажаа кога последните тројца пациенти почнале да покажуваат симптоми, но додадоа дека двајца се во болница на лекување, а третиот е дома и неговата состојба се следи.
Новата мистериозна болест се појави две и пол години откако коронавирусот почна да се шири низ светот.