20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 03-04.09.2022

Викенд хороскоп 03-04.09.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Не паѓајте под туѓо влијание и не ги слушајте советите на другите. Ова не е поволен период за работа. Склони сте на бурни реакции и кавги со саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)

Наскоро ќе добиете многу добра идеја која ќе ви донесе интересни проекти и повеќе финансии. Ве очекува убава и пријателска комуникација со лицето кое ви се допаѓа. Зафатените ќе имаат поголема потреба од партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не е препорачливо премногу да се потпирате на своите соработници. Направете го сами она што е потребно. Љубовната ситуација се комплицира поради повратот на една личност, можеби Овен или Јарец.

Рак (22.06 – 22.07)

Ова не е претерано поволен период за финансиите, немојте да ризикувате со парите. Љубовната ситуација би можела да се искомплицира доколку сте биле неискрени со партнерот.

Лав (23.07 – 22.08)

Можни се мали компликации ако се занимавате со работа поврзана за недвижнини. Можно е некој да ве измами. Очекувајте интересни ситуации и убава атмосфера на љубовното поле.

Девица (23.08 – 22.09)

Делувате многу доминантно во комуникацијата со деловните соработници, но и со пријателите и семејството. Внимавајте некој да не ви се налути. Викендов ве очекуваат пријатни и позитивни случувања со личноста која ја сакате.

Вага (23.09 – 22.10)

Не ја испробувајте својата среќа овој викенд, работете онака како што ви е кажано. Љубовната ситуација е бурна, но доколку не бидете премногу нервозни, ќе пронајдете решение.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Периодот не е поволен за важни деловни одлуки ниту за големи промени. Кога станува збор за љубовта, ве очекува конфузна ситуација со саканото лице, можно е и дистанцирање.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Прилично ќе бидете оптеретени со деловните обврски кои воопшто нема да ви бидат лесни. Нема да имате желба за работа. На полето на љубовта ве очекува многу интересна ситуација со личност од минатото.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете прилично деконцентрирани и ќе ве загрижуваат финансиите. Ова не е толку сјаен период кога станува збор за работата. Љубовната ситуација би можела да биде малку комплицирана, особено доколку имате тајна врска.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат важни случувања на деловниот план, бидете подготвени да одговорите на секоја ситуација. Кога станува збор за емоциите можете да сметате на сосема стабилна ситуација.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку соработувате со странство пред вас е многу добар период. Останатите ќе имаат просечен работен викенд. На полето за љубов ве очекуваат интересни случувања со Стрелец или Вага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП