сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаКУЛТУРАЏеj Ло сподели детали и фотографии од раскошниот свадбен викенд во Џорџија

Џеj Ло сподели детали и фотографии од раскошниот свадбен викенд во Џорџија

Џенифер Лопез на своите фанови им овозможи кус поглед на тридневната свадбена екстраваганција на имотот на својот сопруг Бен Афлек во Џорџија.

Во својот најнов билтен On The JLo објавен во четвртокот таа откри романтични детали од нивниот голем ден, кој дојде само неколку недели по венчавката во Лас Вегас.

На една од фотографиите суперѕвездата (53) е со бел фустан на Ралф Лорен, а згодниот младоженец (50) танцува под неонски знак, на кој пишува: Господин и госпоѓа Афлек.

„Веројатно ќе имав многу повеќе мисли да не се фокусирав да не се сопнам од фустанот, но кога се приближив доволно блиску за да го видам неговото лице, тоа ја имаше истата прекрасна смисла“.

„Некои стари рани беа залечени тој ден и тежината на минатото, конечно, ни се симна од рамениците. Целосен круг – и воопшто не како што планиравме. Подобро“, напиша Џенифер.

Убавата невеста одлучи да го опише нивниот голем ден со споделување цитат на Афлек од неговиот филм Live By Night од 2016 година, кој гласи: „Ова е рајот. Точно тука. Сега сме во него“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП