20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОткако филмот ја освои публиката, в сабота премиера на мини-серијата „Златно момче“...

Откако филмот ја освои публиката, в сабота премиера на мини-серијата „Златно момче“ во Македонија и регионот

Извонредната приказна за талентираното, но разуздано „Златно момче“ ексклузивно ќе се прикажува на Суперстар каналот, кој што е дел од понудата на MSat TV, сателитската телевизија на Мтел Македонија.

По премиерата на филмот „Златно момче“ во јануари годинава кој што ни ја прикажа емотивната приказна за младото златно момче со огромен талент за фудбал, но со проблематичен темперамент сега преточена во мини – серија од пет епизоди од 3 септември (сабота) ќе се емитува на Суперстар каналот.

„Златно момче“ е повеќе од фудбалска приказна, туку и за верувањето дека секој заслужува втора шанса во животот, но како ретко кое филмско остварување говори и за темната страна на спортот – спрегата меѓу фудбалерите, менаџерите и криминалот.

Приказната која што ја напишаа Алекс и Вук Ршумовиќ, а која што ја режираше Огњен Јанковиќ е инспирирана од вистински случувања и говори за младиот талентиран, но разуздан фудбалер Денис Марковиќ кој токму поради својот извонреден талент станува мета на различни интереси.

Улогите се доверени на одлична актерска екипа составена од Денис Муриќ, Игор Бенчина, Петар Стругар, Љубомир Булајиќ, Андрија Кузмановиќ, Алиса Радаковиќ, Јована Гавриловиќ, Тихомир Станиќ и други.  „Златно момче“ освои повеќе награди на филмските фестивали во регионот и Европа.

Мини-серијата е во копродукција на „Телеком Србија“ и според најавите ова ќе биде прва српска серија која благодарение на германската продуцентска куќа „Бета филм“ ќе се прикажува во 160 земји ширум светот.

Суперстар каналите на кои што ексклузивно се прикажуваат најдобрите регионални серии и филмски остварувања во продукција на Телеком Србија се дел од понудата на телевизиски канали на сателитската телевизија MSat TV, на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ.  MSat TV е достапна секаде низ Македонија и корисник станувате со едноставно аплицирање преку веб страната www.mtel.mk , телефонскиот број 15010 или преку мрежата на овластени партнери на Мтел низ Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП