18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ откри како се тестираат телефоните на преклопување пред да ги објави...

„Samsung“ откри како се тестираат телефоните на преклопување пред да ги објави (ВИДЕО)

„Samsung Galaxy Z Fold4“ и „Galaxy Z Flip4“ се пуштени во продажба, а јужнокорејската компанија објави интересно видео кое дава увид како се тестираат овие телефони.

Иако новите телефони се дел од четвртата генерација на преклопни уреди на „Samsung“, сепак многу корисници се загрижени кога станува збор за издржливоста на овие телефони.

За да ги отфрли сите сомнежи и стравови, „Samsung“ објави видео на кое се прикажани тестовите на кои уредите биле подложени пред објавувањето.

„Samsung“ во своето соопштение нагласи дека ги прави сите тестови за да се осигура дека телефоните можат да издржат секојдневна употреба и да ги задоволат потребите на корисниците.

Сите процеси се автоматизирани, а интересно е да се видат инженерските решенија имплементирани во процесот на тестирање. Телефоните се подложени на тестови за издржливост, функционалност на „S Pen“ и тестови за отпорност на вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП