сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаКУЛТУРАОваа жешка украинка е новата љубов на Ди Каприо: Таа е 25...

Оваа жешка украинка е новата љубов на Ди Каприо: Таа е 25 години помлада од актерот (ФОТО)

Откако ненадејно ја прекина четиригодишната врска со манекенката Камила Мороне, Леонардо ди Каприо наводно веќе пронашол нова љубов.

Како што пренесува Дејли Мејл, познатиот холивудски срцекршач нашол утеха во Марија Берегова, 25 години помлада Украинка.

Според овој портал, таа полетала на југот на Франција откако се разведе од сопругот Ахмед Масуд Абделафид. Нејзиниот поранешен сопруг води голема имотна и модна империја во Монако, тој е внук на министерот за внатрешни работи и лојален слуга на Гадафи.

Масуд Абделафид беше наречен и „десна рака“ на либискиот диктатор Гадафи и уште го нарекуваат „енциклопедија во движење“. Откако Гадафи беше соборен и убиен, Масуд постариот побегна во Каиро каде наводно починал од болест во 2015 година.

Берегова пораснала во Швајцарија, учела во приватен интернат, а моментално живее во Лондон, каде што студира за да може да ја преземе семејната фармацевтска компанија.

Не е познато кога се случил разводот со нејзиниот сопруг, односно дали е договорен и дали има спогодба меѓу нив, но се верува дека бракот завршил во Монако, каде што живеел парот.

Да потсетиме, Ди Каприо и Мороне раскинаа неодамна и „преку ноќ“.

Лео и Камила раскинаа ова лето“. Тие се разделија пријателски, тоа беше природен крај на работите“, изјави извор за Дејли Мејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП